Во петокот, Организацијата на рабородавачи на Македонија и Сојузот на синдикатите на Македонија потпишаа две спогодби, со кои се продолжува важноста на колективните договори за текстил, кожа и чевли.
Спогодбата за продолжување на Колективниот договор за текстилна индустрија ја потпишаа претседателот на Здружението за текстилна индустрија при Организацијата на работодавачи на Македонија Димитар Поповски и претседателот на Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија Ангелко Ангелковски .
Спогодбата за продолжување на Колективниот договор за кожарската и чевларската индустрија ја потпишаа исто така претседателот на Здружението за чевларска и кожарска инудстрија при ОРМ , Костадин Барзов и претседателот на СТКЧ Ангелко Ангелковски.
Претседателот на Организациата на работодавачи на Македонија Ангел Димитров и претседателот на ССМ Живко Митревски исто така присуствуваа на потпишувањето.