
Претседателот на Здружението за текстилна индустрија при Организацијата на Работодавачи на Македонија г.дин Димитар Поповски и претседателот на здружението за кожарско чевларска индустрија при Организацијата на Работодавачи на Македонија г.дин Костадин Барзов и г.дин Ангелко Ангелковски претседателот од Синдикатот на работниците од тесктилна, кожарска и чевларска индустрија при ССМ , денеска свечено ги потпишаа колективните договори за текстилната индустрија и за кожарско-чевларската индустрија.
На потпишувањето присуствуваа и претседателот на Организацијата на Работодавачи на Македонија г.дин Ангел Димитров и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија г.дин Живко Митревски ,кои искажаа задоволство со овој чин со кој уште еднаш се потврди дека социјалниот дијалог на биппартитно ниво бележи напредок, во делот на регулирањето на правата и обврските на работниците и работодавачите од стопанството.