Потпишана Спогодбата за измени и дополнување на Колективениот договор за банки

Потпишана Спогодбата за измени и дополнување на Колективениот договор за банки

Потпишана Спогодбата за измени и дополнување на  Колективениот  договор за  банки
декември 28, 2021

Репрезентативното здружение на работодавачи на друштвата од друго монетарно посредување и дејноста на посредување во работењето во хартии од вредност и стокови договори при Организацијата на работодавачи на Македонија и резентативниот Синдикатот го усогласија Колективен договор за банки со Законот за работни односи и ја потпишаа Спогодбата по колективниот договор за регулирање на правата и обврските на социјалните партнери  во оваа област.

Како Пресметковна вредност за единица коефициент за најнизок степен на сложеност на работниците вработени со полно работно време и нормален учинок во организациите потписнички , го договорија нето износот од 12.200,00 денари.


 

Целта на овој колективен договор е да се применат меѓународните работни стандарди, да се изедначат условите за работа на ниво на гранката и да се утврди одредена рамка на права кои треба да им се овозможат на вработените, со што ќе се одржува лојалната конкуренција помеѓу работодавачите.Како и да се утврди рамка која ќе ги спречи евентуалните конфликти во претпријатијата, да се уредат постапките при спорови и воопшто да се создава нормална атмосфера во работните средини.