Градоначалникот на општината Тони Трајковски рече дека од формирањето на ЛЕСС големи придобивки ќе имаат сите страни. Гази Баба е општина со најголем број стопански објекти и работните односи имаат посебно значење. ЛЕСС ќе биде сериозен инструмент за заедничка размена на информации меѓу локалната самоуправа, синдикатите и работодавачите, како и место за разговор за решавање на проблемите. Посебно би истакнал дека во работата на локалниот совет ќе бидат вклучени Агенцијата за вработување, невладините организации, учениците, средношколците, пензионерите и други здруженија, објасни Трајковски.
Значајно е што социјалниот дијалог и формирањето локални економско – социјални совети (ЛЕСС) се случува во време на светска економска криза, при што Република Македонија е пример за развој и институционализација на социјалниот дијалог.
Претставници од Организација на работодавачи во овој Локален економско социјален совет се : Зоран Здравев – ,,Европа”, Aлександар Стојаноски – ,,Алкалоид” и Митко Кочовски – ,,Макстил”