Потпишана Спогодба за формирање на ЛЕС Свети Николе

Потпишана Спогодба за формирање на ЛЕС Свети Николе

Потпишана Спогодба за формирање на ЛЕС Свети Николе
декември 28, 2021


Спогодбата претставува основа за институционален развој на социјалниот дијалог помеѓу социјалните партнери и усогласување на нивните различни ставови и интереси на локално ниво, како и помеѓу јавниот и приватниот сектор, особено меѓу системот за образование и за поддршка при вработување од една страна и работодавачите од друга страна; воспоставување и зајакнување на врските помеѓу потребите на пазарот на труд дефинирани од страна на деловните субјекти и вештините што се развиваат кај младите преку образовниот систем; вклучување на младите во регионалниот дијалог преку нивно учество во ЛЕСС; размена на мислења и информации; покренување на заеднички иницијативи; учество во креирање на законски решенија кои влијаат на материјална и социјалната положба на вработените, невработените, стечајните работници и работници технолошки вишок, пензионерите, младите, жените и др.; развивање на колективното договарање, преговарање и склучување на ниво на претпријатијата и установите; следење на состојбата со вработеноста и предлагање на мерки за поттикнување на вработувањето.