Потпишана Спогодба по ОКД во случај на прогласување елементарна непогода

Потпишана Спогодба по ОКД во случај на прогласување елементарна непогода

Потпишана Спогодба по ОКД во случај на прогласување елементарна непогода
декември 28, 2021

Организацијата на работодавачи на Македонија и Сојузот на синдикати на Македонија на 9ти август потпишаа спогодба за измена на Општиот колективен договор (ОКД) за приватниот сектор од областа на стопанството со која во случај на елементарна непогода бројот на слободни денови се зголемува од три на седум дена.

Заради итноста на ситуацијата и прогласената вонредна состојба во некои делови од скопско по кратката консултација, работодавачите од ОРМ изградија став и постигнаа компромис со социјалниот партнер ССМ. Со Спогодбата е дадена и можност бројот на слободни денови дополнително да се зголеми во случај на прогласување вонредна или кризна состојба поради елементарни или друг вид непогоди.

Оваа измена на Општиот колективен договор, е постигната имајќи ги предвид последиците од елементарната непогода која ја погоди Македонија во саботата.
и има цел да помогне во справување со последиците од елементарните непогоди.