Потпишана измената на Спогодбата за основање на Економско социјалниот совет со новиот состав

Потпишана измената на Спогодбата за основање на Економско социјалниот совет со новиот состав

Потпишана измената на Спогодбата за основање на Економско социјалниот совет со новиот состав
октомври 10, 2024
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателката на Организацијата на работодавачи на Македонија Владанка Трајкоска и претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов како претставници на социјалните партнери, денес, ја потпиша измената на Спогодбата за основање на Економско социјалниот совет со новиот состав.
На денешната прва конститутивна седница на Економскиот социјален совет Премиерот Мицкоски нагласи дека дијалогот помеѓу синдикатите и работодавачите и Владата е важен за да се создадат услови за функционирање во кој ќе започне процес кој ќе води во насока на одржлива економија и владеење на правото. Владата е партнер во кој што синдикалните и организациите на работодавачите ќе имаат доверба и ќе соработуваат, а не како страна која што сака да се наметне како авторитет.
Премиерот Мицкоски посочи дека за нив како Влада главна и стратешка определба претставува економијата, односно подобрување на перформансите на економијата, бидејќи ако немаме добра и стабилна економија, тогаш немаме ништо во државата.
На седницата се дискутираше за барањата на Организацијата на работодавачи на Македонија и за барањата на синдикатите.
Претседателката Владанка Трајкоска истакна дека минималната плата мора да го следи растот на продуктивноста и да е усогласена со Европската Директива за минимална плата.
Исто така потенцираше дека секојдневното работење на компаниите се усложнува со недостаток на квалификуван кадар, за што претпријатијата посветено преземаат различни стратегии за привлекување на квалитетни ресурси. Освен тоа, посочи дека не може да се заобиколи и потребата од вработување на работници од странство, што станува неизбежно во овие услови. Затоа неопходно е донесување на нов Закон за вработување и работа на странци, постојниот не одговара на новонастанатите услови. Неоходно е зголемување на квотите за вработување на странски работници и побрзо решавање на предметите поврзани со издавање на работна дозвола.
Претседателката Трајкоска истакна дека како предизвик за кои заеднички треба да најдеме решерние е прочистување на списокот на невработени регистрирани лица во АВРМ – голем број на евидентирани невработени лица кои не се јавуваат на огласите за работа, а приватниот сектор се соочува со недостаток на работна сила. Недостигот на работна сила може да го надминеме ако се создаде можност да се вработуваат пензионери за кои би се плаќало само персонален данок.
Согласно новата спогодба министерот за економија и труд ќе биде претседател на Економско социјалниот совет, а останати членови именувани од Владата ќе бидат Министерот за социјална работа, демографија и млади, Министерката за финансии и Министерката за образование.