Потпишан меморандум за спроведување програма за пристојна работа

Потпишан меморандум за спроведување програма за пристојна работа

Потпишан меморандум за спроведување програма за пристојна работа
декември 28, 2021

Како што истакна министерот Спасов на овие приоритети се работело и досега и преку повеќе планови, мерки и активности постигнати се мошне добри резултати и најави дека во иднина ќе се продолжи и на имплементација на други мерки и активности за намалување на невработеноста и отворање нови работни места.
Директорот на Меѓународната организација на трудот за Централна и Југоисточна Европа истакна дека покрај очигледниот напредок има загрижувачки индикации за активностите на пазарот на труд, поради што, како што посочи, се наложува потребата да се направи совпаѓање на она што се нуди и она што се бара на пазарот на труд.
Резидентниот координатор на ОН во Македонија Лујза Винтон смета дека справувањето со невработеноста е најголем предизвик за државата, за што, е потребна целосна соработка меѓу граѓанскиот сектор, социјалните партнери и Владата кои треба да работат на намалување на овој проблем и особено да им помогнат на луѓето кои се соочуваат со пречки при вработувањето.