Потпишан меморандум за борба против непријавената работа во Македонија

Потпишан меморандум за борба против непријавената работа во Македонија

декември 28, 2021

Потпуишан е   меморандум за заеднички активности за намалување на непријавената работа помеѓу  Државниот инспекторат за труд, Организацијата на работодавачи на Македонија, Бизнис-конфедерацијата, Сојузот на синдикати на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати.Меморандумот е дел од проектот за поддршка во борбата против непријавената работа, што се спроведува од мај 2014 година од конзорциум предводен од „Есеп лтд“. Негови главни корисници се Министерството за труд и социјална политика и Државниот инспекторат за труд. Соработката на социјалните партнери предвидува и размена на информации и идеи за справување со
проблемот на сивата економија, како и активности за подигнување на свеста за значењето на пријавената работа.

Согласно анализите и извештаите  од проектот состојбата во сивата економија во државата зафаќа меѓу 20 и 35 проценти од бруто- домашниот производ, што значи дека во приватни џебови се слеваат најмалку 2 милијарди евра неоданочени пари. На црно, односно во разни нелегални бизниси работат студенти, пензионери, вработени, невработени, социјални случаи, млади, возрасни, сезонски работници, мајстори, занаетчии и др.

Точниот број  број не се знае, но  неофицијално се зборува дека повеќе од 100.000 лица за разни услуги и извршени работи им се исплаќаат пари на рака.

Се потенцира дека во делот на сивата економија вклучени се и дел од вработените лица. Според резултатите од проектот на „Есеп лтд“ , околу 22,5 отсто од вработените во државата, или приближно 130.000 лица, исто така, работат на црно, додека околу 11 проценти од работоспособното население заработува од разни нелегални бизниси. Најмногу нелегални ангажирања има во земјоделството, градежништвото, транспортната дејност, угостителството, трговијата  и тоа најмногу во микро, мали и средни бизниси. При тоа е значително поголем процентот на мажите отколку на жените, и тоа најмногу на возраст од 15 до 30 години.

Според последното истражување на англискиот Универзитет „Шефилд“, во 2013 година во Македонија сивата економија тежела 30 отсто од БДП, односно над 2 милијарди евра на годишно ниво. Таа достигнува до 20 отсто од националниот доход во јужноевропските држави, како Шпанија, Италија, Грција, додека во скандинавските земји изнесува околу 14 отсто.

Во светски рамки приближно 40 отсто од популацијата, или околу 3,2 милијарди лица се вклучени во разни нелегални бизниси. Тоа го покажаа последните анализите на Светска банка. Според Светска банка, кога станува збор за уделот на сивата економија во БДП, од државите во Централна и Источна Европа на врвот на листата се Романија, Естонија и Бугарија со над 30 отсто учество во БДП, што е речиси четири пати повеќе од европскиот просек.