Потпишан Колективниот договор на ниво на гранка-Енергетика

Потпишан Колективниот договор на ниво на гранка-Енергетика

Потпишан Колективниот договор на ниво на гранка-Енергетика
декември 28, 2021

Задоволство од потпишувањето на договорот искажа и Претседателот на Самостојниот синдикат на работниците од енергетиката г-дин Роберт Симоноски, кој истакна дека со овој чин се верификувани и заштитетени економските и социјалните права на работниците во енергетиката. Според него, ова е потврда за воспоставување на одговорно социјално партнерство со имплементирање на европски стандарди за заштита при работа, и за социјално економската и општествена одговорност на компаниите членки и потписници на овој колективен договор.
Работодавачите и гранковиот синдикат заеднички оценуваат дека со овој чин социјалните партнери недвосмислено покажале дека имаат меѓусебно разбирање и интерес да ги почитуваат и спроведуваат меѓусебните права и обврски, посебно во поглед на условите за работа, платите, надоместоците и заштитата на вработените.