Работодавачите од Управниот одбор на Организацијата на работодавачи на Македонија на седницата која се одржа во хотел Мериот организирана од проектот -Унапредување на социјалниот дијалог,(поддржан од ЕУ, а спроведуван од МОТ)велат дека големи се проблемите кои
негативно ќе се одразат на македонската економија. Работодавачите
се свесни за моменталната состојба во која се наоѓа државата за таа политичка нестабилност и дека ваквите
резултати од изборите ќе донесат и понатаму подолгорочна нестабилност додека не се формира
една цврста влада, но од друга страна сакаме овој период да го искористиме за наши
активности, да ги видиме сите активности на членките,нивните забелешки и да бидеме спремни
пред новата влада веднаш да излеземе со предлози Домашните компании во годинава што изминува изгубија
скапоцено време за остварување на позначителен раст, а причина за тоа е политичката криза и
нефункционирањето на институциите. Бизнисмените очекуваат дека набрзо по изборите
институциите ќе почнат да работат со полн капацитет. “Со тоа ќе можат да се разгледуваат и
усвојуваат нашите предлози кои произлегуваат од потребите на бизнисот. Убедени сме дека ќе
дојдеме до решенија со кои ќе се зголеми конкурентноста, ќе се отворат нови работни места и
нови перспективи за развој на компаниите во значајни сектори како што се туризмот,
земјоделството, преработувачката индустрија и други гранки. Во спротивно, следниот декември
ќе зборуваме за уште една загубена година”, изјави претседателот на Организацијата на
работодавци на Македонија, ОРМ, Ангел Димитров, на вчерашната седница на Управниот одбор
на ОРМ. Според него, ако политичката криза продолжи, ќе се доведат во прашање и домашните
и странските инвестиции. “Ни еден бизнисмен нема да вложи во нови проекти, а тоа ќе се
одрази врз растот на стопанството”, оцени тој. Додаде дека работодавачите очекуваат што
поскоро да се формира нова влада и институциите да профункционираат. “Свесни сме дека
засега се многу мали шансите да добиеме стабилна влада. Тоа би било можно само ако имаме
широка коалиција. Не знам дали нашите политичари можат да дојдат до такво решение, но
можам да потврдам дека најпрво ќе страдаат новите инвестиции. Одлуките и за странските и за
домашните инвеститори во услови на ваква политичка нестабилност се многу тешки. Ниту еден
бизнисмен нема да вложува големи средства во нов проект во ваква политичка ситуација”,
нагласи Димитров. На седницата се оценуваше годината што изминува и се
формулираа предлози кои ќе бидат доставени до Владата и синдикатите, на разгледување и
усвојување во текот на идната година. На агендата на работодавачите се повеќе
законски измени, како и нови мерки, на пример, воведување нов модел за плаќање на
придонесите за сезонските работници, т.н. модел на дневни ваучери, стимулирање на младите
луѓе за да не заминуваат од земјата, за што треба да се спроведат итни реформи во образовниот
систем, потоа да се стипендираат студенти на одделни технички факултети, да се воведе
задолжителна практична работа во школите, да се воведат субвенции за домашните
производствени компании и слично.
декември 28, 2021