Почитувани,
Би сакале да ве поканиме на завршна конференција „ИЗВОЗЕН АКЦЕЛЕРАТОР ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА“ која ќе се одржи на 05 декември 2019 г. (четврток), Скопје, Хотел Бест Вестерн-Турист, со почеток во 10:00 часот.
На настанот ќе бидат претставени клучните елементи од проектот Извозен акцелератор за мали и средни компании. Потоа присутните ќе можат да се вклучат во дискусија во однос на применети искуства од обуките за подобрување на знаењата во сферата на извоз и промоција, реализацијата на 4 демо проекти и споделување на искуството на менторираните компании.
Завршната конференција е дел од активностите кои се спроведуваат во рамки на проектот „Извозен акцелератор за мали и средни претпријатија“, финансиран од ЕУ, спроведуван од Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) и Институтот за Динамичен Развој СФЕРА-НОВА, каде што главна цел е подигнување на конкурентноста на компаниите преку зајакнување на капацитетите на компаниите за извоз.
Работен јазик на конференцијата ќе биде македонскиот јазик.
Пријавување на учесниците е по електронски пат, најдоцна до 03 декември 2019 година, до 14 часот, преку следниов линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSc0M1wZ8u2EiBnwFD7bFZt7NT5ev74xQ3PuQKXv4XQcoojSpA/viewform; или со испраќање на мејл на следнава адреса: sme.acceleratoreu@gmail.com.
Пријавувањето нема да ви одземе повеќе од 1-2 минути.
Го очекуваме Вашето присуство.
Извозен акцелератор за мали и средни претпријатија,
Проектен тим
