Покана за советување за новите измени во ЗРО, проблеми во примената и најавените нови измени во ЗРО – 18.09.2018

Покана за советување за новите измени во ЗРО, проблеми во примената и најавените нови измени во ЗРО – 18.09.2018

Покана за советување за новите измени во ЗРО, проблеми во примената и најавените нови измени во ЗРО – 18.09.2018
декември 28, 2021

Почитувани,

Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ) како единствена репрезентативна организација на работодавачи, во трипартитното преговарање со Владата и Синдикатите преку Економско социјалниот совет како советодавно тело на Владата, на кое се разгледуваат измените и дополнувањата на законите од економско-социјалната сфера меѓу кои и Законот за работни односи и Законот за минимална плата, организира полудневно советување на теми:

„Што носат последните измени во Законот за работни односи“

„Проблеми со кои се соочуваат работодавачите во пракса со Законот за работни односи и Законот за Минимална плата“

„Финансиска подршка за раст на плати во повисок износ од минималната плата“

„Постапка за донесување на нов Закон за работни односи“

 

Семинарот ќе се одржи на 18.09.2018 година, 10.30-14.45 часот, во “Хотел Порта” во Скопје.

 

Целта на советувањето е  изворно од пракса, подетално да се запознаете со последните измени и дополнувања во законот за работни односи (Повеќе информации за темата/целите на советувањето можете да најдете во поканата во прилог на објавата).

На крајот на обуката ќе се развие дискусија и ќе се одговара на прашања поставени од учесниците.

 

Предавачи:

Ангел Димитров, Претседател на Организација на работадавачи на Македонија

Мирјанка Алексевска, Раководител на Сектор за креирање на политики од областа на трудово  право и политики за  вработување при Министерството за труд и социјална политика

 

За кого е наменета обуката:

За претставници од сите компании  кои секојдневно се соочуваат со оваа проблематика, правни сектори, сектори за човечки ресурси, менаџери и сопственици.

 

Цената за еден учесник изнесува 4900 денари.

За членките на ОРМ цената за еден учесник изнесува 2900 денари (ДДВ не се пресметува).

 

Сите заинтересирани за учество на оваа обука можат да се пријават со пријава и уплата најдоцна до 14 септември 2018 година електронски на следниов и-мејл: info@orm.org.mk  и на телефон 02/ 3215 085 или 070 319 234 или 072 234 930.

Уплата на ОРМ, жиро с/ка, 300060000018851, Комерцијална банка, цел на дознака-котизација за советување-18.09.2018.

 

Во прилог е Поканaта. За агендата и пријавниот лист за настанот, ве замолуваме да се обратите на нашата и-мејл адреса: info@orm.org.mk;

 

Срдечно,

Тимот на ОРМ

 

Сликата е превземана од: http://www.hotelporta.com.mk/