Покана за HR семинар за Team Building активности

Покана за HR семинар за Team Building активности

декември 28, 2021

Почитувани,

Во согласност со меморандумот за соработка со Македонската асоцијација за човечки ресурси, ви ја споделуваме следната информација:

 

Македонската асоцијација за човечки ресурси Ве поканува нa HR семинар за Team Building активности

Предложен датум: 2-3 ноември  | Место: Охрид 

За кого: Mенаџери и HR професионалци 

 

Опис на настанот

Ние, Македонската асоцијација за човечки ресурси, се грижиме за развојот на луѓето и организациите и затоа сакаме да ја поттикнеме примената на тим билдинг програмите. Процесот на доверба, тимска работа и промена претставува едно заедничко патување.

Кога зборуваме за тим билдинг активности, мислењата на компаниите и вработените се движат од една до друга крајност. Голем дел од компаниите изделуваат огромни средства на годишно ниво за програми дизајнирани да создадат посилни тимови. Имено, кога ќе се постапи на правилен начин team building активностите се одличен начин да се подобри мотивацијата, продуктивноста и комуникацијата меѓу вработените, да се изгради доверба и да се развијат вештини за решавање на проблемите. Но, доколку се направи погрешно и не се селектира  програма внимателно, според потребите на тимот, вредноста на оваа активност може значително да се намали и може да резултира со: незадоволство од вработените кои мислат дека активностите се целосно несоодветни, сметаат дека тоа е губење на значајно време од нивната работа, а притоа тие не им посветуваат доволно внимание на активностите и не се вклучуваат во целост при реализацијата.

Поради тоа пред се’ се препорачува лоцирање на проблемот кој го намалува единството на тимовите. HR одделот ја има задачата да направи сеопфатна проценка да избере тим билдинг програма која ќе развие вештини кај вработените и вештини за решавање на проблеми кои се јавуваат во рамките на тимското функционирање. Сепак, крајна  цел на тим билдингот е тимската работа успешно да биде интегрирана во секојдневието на работното место.

Со цел заеднички да дојдеме до повеќекратни бенефити за сите вклучени страни:

• HR менаџери

• вработени во компаниите 

• тренинг центрите

решивме за прв пат да го организираме овој networking настан: HR Семинар за Team Building активности! 

На настанот ќе биде дискутирано за важноста и начинот на кој тим билдингот се рефлектира врз организациската култура, ангажираноста и мотивацијата на вработените. Иако (HR) менаџерите не можат да ги форсираат нивните вработени да си веруваат меѓусебно, тие можат да им ги овозможат потребните ресурси за да ја изградат таа доверба.

 

На овој настан ќе се фокусираме на три работи:

#1: Едукативен дел посветен на организациска култура  

Организацискатa култура сама по себе и дава уникатна слика на секоја оранизација. Уникатноста наложува специфичен пристап при изборот на адекватна тим билдинг програма. Со други зборови, од голема важност е да бидете информирани како да изберете активности кои ќе и одговараат најмногу првенствено на организациската култура на вашата организација, односно да изберете Тим билдинг програма по мерка. Поради тоа ќе биде посветен дел на споделување на искуства, односно искусни HR менаџери ќе го споделат своето искуство и ќе ви овозможат насоки како да ја изберете соодветната тим билдинг програма врз база на потребите на вашата организација.

#2: Презентација на реални тим билдинг активности 

За време на овие два дена вие ќе имате можност да се запознаете со различните програми што ги овозможуваат тренинг центрите во Македонија. Истите ќе презентираат свои тим билдинг програми и ќе ви дадат реалнa слика за активностите кои можат да ги понудат. 

#3: Networking

Последно, но не помалку важно, покрај едукативниот дел, и делот со презентации, настанот исто така  ви обезбедува можност за дружба со вашите HR колеги и HR заедницата во нашата земја, да споделите и размените искуства, како и да остварите нови контакти. Ве очекува интересен викенд исполнет со многубројни активности од едукативен и друштвен карактер.   

 

 

Пријавување: 

За да присуствувате на настанот Ве молиме да пополните пријава.  

За сите дополнителни информации Ви стоиме на располагање –> contact@mhra.mk или 078 389 277.

Краен рок за пријавување и уплата на учесниците е најдоцна до 15 октомври 2018, или до моментот додека не се пополни групата на принципот „прв пријавен – прв услужен”.

На следниов линк можете да пристапите кон апликацијата: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdY9yLaK-zrAnbn1Coz1rCHLmA5_Xknxvl4YE6SaNdoH30m3w/viewform

Телефон за контакт и повеќе информации 078/389-277. 

*Бројот на учесници е ограничен!*

 

Пријава за HR Team Building 

Котизација:

9.000,00 денари – редовен износ

7.500,00 денари  – членови на МАЧР

*Во износот се вклучени сместување во хотел на база полн пансион, кафе паузи и освежување за време на двата дена, работни материјали и сертификат за учество. 

 

 

 

Copyright © 2018 Macedonian Human Resources Association, All rights reserved.

Our е-mailing address is: contact@mhra.mk;