На 30ти септември во Гостивар беше потпишана Спогодбата за формирање Локален економско социјален совет од страна на градоначалникот на Гостивар, ОРМ,ССМ и КСС.
За големото значење со формирањето и понатамошното функционирање на ЛЕСС во Гостивар во делот на креирањето на политките од економско социјалната сфера од образованието и локалниот развој зборуваа во своите обраќања градоначалникот Бејта, претставникот на УСАИД г. Мајкл Скивејтер, како и претставниците од работодавачите и синдикатите. Се потенцирање дека преку усогласување на потребите на пазарот на трудот со потребите на работодавачите и поттикнување на вештините на младите невработени лица преку изготвување на акциските планови и кариерното советување ќе се овозможи нивно полесно вработување.