Пазарот на труд во земјава остана без основните занаети. Фалат сите видови стручни работници.Дел од Интервјуто со Владанка Трајкоска,претседателката на Организацијата на работодавачи на Македонија, објавено во Блумберг

Пазарот на труд во земјава остана без основните занаети. Фалат сите видови стручни работници.Дел од Интервјуто со Владанка Трајкоска,претседателката на Организацијата на работодавачи на Македонија, објавено во Блумберг

септември 12, 2022

Заварувачи нема ни за плата од 1000 евра

Иселувањето е проблем, но сивата економија е поголем проблем
Индустријата ‘плаче’ за работници – ги нема ни за 1000 евра плата

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Дел од Интервјуто со Владанка Трајкоска,претседателката на Организацијата на работодавачи на Македонија, објавено во Блумберг

Заварувачи нема ни за плата од 1000 евра

Индустријата најсилно го чувствува недостигот на стручен кадар. Владанка Трајкоска, претседателка на Организацијата на работодавачи, за Блумберг Адриа вели дека во моментов најголем недостиг на работници има во индустријата. И податоците на Агецијата за вработување го потврдуваат ова, во преработувачкиот сектор фалат над 1700 работници.

„Потребен е стручен кадар во дрвната индустрија, во текстилната индустрија како шивачи, кројачи. Во месната индустрија, месари, работници за продажба на месо. Во градежништвото, градежни инженери за ниско и високоградба, плочкари, водоинсталатери, електричари, заварувачи. Заварувачите се многу барани, се нудат плати од околу 60.000 денари, ама ги нема. Дефицитарни струки во услижните дејности се келнери, готвачи, бармени, слаткари. Се бараат технолози за прехранбена индустрија, машински инженери, агрономи, агенти за дејностите за осигурување, дефицит од кадар има и во земјоделието“, вели Трајковска.
Владанка Трајкоска

Зошто земјава остана без работници? Според Трајковска, освен платите, има многу причини кои ја оставија земјава без основниот капитал – човечкиот. Меѓу нив се сивата економија, даночната политика, нефлексибилното трудово законодавство кои го ограничуваат задржувањето на работната сила и креирањето работни места. Голем дел од стручниот кадар од техничките факултети кои треба на бидат носители на иновативноста и развојот во домашните компании си одат во странство.

„Проблем се платите, но нивната висина зависи од продуктивноста. Во индустријата платите треба да растат со растот на продуктивноста. Ако ја зголемуваме продуктивноста ќе растат и платите. Проблем е социо-економскиот развој на земјата, здравството, образованието, инфраструктурата. Проблем е неадекватната работна сила која е производ на неатрактивното стручно образование од една страна, но и сфаќањата и влијанието на семејството кое ги насочува децата кон гимназиите наместо кон средните стручни училишта“, вели Трајковска.

Иселувањето е проблем, но сивата економија е поголем проблем

Според сите анализи, 70 отсто од дефицитарните занимања работат и остваруваат приходи во сивата економија.

Според неодамнешното истражување на институтот за економски политики „Finance Think, главна пречка за регистритање на овие мали бизниси се трошоците – тука особено се нагласени даноците, придонесите, парафискалните давачки и трошоците за сметководство. Влијание има и времето потребно за справување со администрацијата, но и административните трошоци.

Според ова истражување, вршителите на нерегитрирана дејност се многу мали според нивниот годишен приход кој вообичаено не надминува 250.000 МКД, а деловната дејност најчесто ја вршат сами или најмногу со пет работници. Нерегистрираниот бизнис главно се врши во домаќинството на клиентот или во сопственото домаќинство, па оттука клиенти доминантно се домаќинствата и физичките лица. Не ги плаши ни можноста дека ќе бидат фатени.

„Инспекциите и контролите само до одреден степен може да го направи престојот во неформалната економија скап, но останува можноста со неформален подарок да се остане неказнет и во зоната на сивата економија. Слично, активности за јакнење на даночниот морал или за намалување на неформалните практики би имале ограничено влијание“, стои во истражувањето.
МИА

Недостигот на работници е глобален проблем

Нестиготот на стручни работници не е проблем само на земјава и за него нема брзи и лесни решенија, вели Трајкоска.

„Да имаше такви решенија досега и развиените европски земји ќе ја надминеа кризата од недостиг на работна сила. Да ја земеме пример една Германија каде 49,7 отсто од анкетираните компании рекле дека се погодени од недостиг на работна сила“, вели таа.

Препорака од работодавачите е државата системски да го решава проблемот. Да се почне од основните училишта, потоа да се засили промоцијата на стручното средно образование, да се зголеми неговата популарност како на национално, така и на и на локално ниво согласно потребите на локално ниво. Во иднина на овој расчекор мора да се работи многу по сериозно за да се промени структурата на стопанството, но и да се подигне стандардот на вработените. Недостигот на работници ја намалува ефикасноста на фирмите и приходите.

„Мора да постои општествена оправданост на студиските програми, мора да се предвидат критерериуми за оценка дали студиските програми се или не се оправдани.Тука треба да се зајакне соработката на факултетите со стопанството. Државата треба да ги субвенционира платите кај работодавачот од приватниот сектор при вработување на претставници на интелектуалната емиграција со работно искуство во странство, како и да ги субвенционира платите на стручниот дефицитарен кадар“, вели Трајкоска.