Остварена средба со Министерката за образование и наука Проф.д-р Весна Јаневска

Остварена средба со Министерката за образование и наука Проф.д-р Весна Јаневска

Остварена средба со Министерката за образование и наука Проф.д-р Весна Јаневска
август 6, 2024

На 31 јули во просториите на Министерството за образование и наука, Претседателката Владанка Трајкоска оствари средба со Министерката за образование и наука Проф.д-р Весна Јаневска. На средбата Претседателката Трајкоска ги презентираше досегашните заложби на ОРМ и ја истакна подготвеноста на ОРМ за поголемо вклучување во креирањето на образовните политики со цел надминување на предизвиците од квалификуван кадар за потребите на пазарот на труд. На средбата се говореше и за можните решенија како да се унапреди квалитетот на целокупното образование. Министерката Јаневска истакна дека образовниот систем ќе ги следи потребите на пазарот на трудот и ја истакна потребата во периодот што следи уште повеќе да се зајакне меѓусебната соработка. На средбата присуствуваше и Светлана Ристовска Антиќ, извршен директор на ОРМ.