ОРМ преку учеството во Локалните економско социјални совети, активно придонесува за економски развој на Општина Демир Хисар

ОРМ преку учеството во Локалните економско социјални совети, активно придонесува за економски развој на Општина Демир Хисар

Март 13, 2024

Како резултат на активностите кои Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) ги презема во рамки на учеството во Локалните економско социјални совети (ЛЕСС), во Општина Демир Хисар е изработена веб платформа во која се презентирани туристичките потенцијали, угостителските и сместувачките капацитети со коишто располага ова поднебје- линк:  https://demirhisar.gov.mk/turistichka-ponuda/

 

Имено, ОРМ преку претседавањето со ЛЕСС Демир Хисар, кој го води Ненад Шундовски (сопственик и Управител на градежна компанија, член на ОРМ), за нецела година активност, успеа да го преземе приматот “најактивен ЛЕСС” и за релативно краток период, успеа да реализира голем број на активности, од кои го издвојуваме:

  1. Организација на Граѓански форум за утврдување на приоритети на ЛЕСС;
  2.  Утврдени приоритети, изгласани и буџетирани иницијативи од страна на Совет на Општина Демир Хисар:
Приоритетна област 1: Образование и млади
Предлог активности:
1.1 Воведување нови програми/струки во средно образование (туризам, медицина).
1.2 Субвенции за учениците во средно образование.
1.3 Субвенции за практиканти.
1.4 Преку СОНК да се адресира проблемот со недостаток на учебници.
1.5 Отворање на нова паралелка за медицина во рамки на средно училиште (изработка на анкета во 8 и 9 одделение во основните училишта) за да се утврдат интересите на учениците.
1.6 Активирање на Совет на Млади.
1.7 Креирање Буџет за Млади.
1.8 Субвенционирање, обезбедување поволности за приватни фирми за млади (преку ЛС и Агенција за вработување).
1.9 Инкубатори за млади претприемачи.
1.10 Иницијатива за зголемување на финансиски средства на училишта ЛС + МОН.
Приоритетна област 2: Инфраструктура и туризам
Предлог активности:
2.1 Иницијатива за патно и оптичко поврзување со општина Ресен преку Смилево.
2.2 Донесување на урбанистички планови за руралните населени места со цел привлекување инвеститори во руралниот туризам.
2.3 Изработка на проект за изградба на пешачки и велосипедски патеки.
2.4 Изработка на проекти за спортски терени во поголемите населени места (Сопотница, Слепче, Суводол, Кутретино).
2.5 Реконструкција на локалните патишта и мостови (чистење и тековно одржување).
2.6 Поставување спомен обележја на историски места.
2.7 Холтикултурно уредување на ул.Битолска Д.Хисар.
2.8 Решавање на проблемот со дивите депонии и чистење на локалните места.
2.9 Формирање на локален туристички центар.
2.10 Иницијатива за формирање Музеј на радиото во Демир Хисар.
Приоритетна област 3: Поддршка на локалниот бизнис сектор
Предлог активности:
3.1 Преземање иницијатива за поддршка и отворање на “селски кооперации“.
3.2 Организација на панел дискусии помеѓу бизнис заедницата, синдикати, државни институции и граѓани за актуелни социо-економски прашања во општината.
3.3 Проследување на информации за активни мерки и програми од страна на АВРМ до ЛЕСС.
3.4 Проследување на информации од страна на Трудовиот инспекторат до ЛЕСС по однос регулативата за работни односи и безбедност при работа.
3.5 Вклучување на ранливи категории (долгорочно невработени, самохрани родители) во пазарот на трудот.
3.6 Утврдување на дефицитарни кадри во одредени области и преквалификација и доквалификација на кадар.
3.7 Учество на бизнис секторот при креирањето на буџетот на Општината.
3.8 Иницијатива за изградба на инфраструктура во индустриска зона во Демир Хисар.
3.9 Преземање мерки за поскора изработка на спроведување на ДУП и ГУП.
3.10 Иницијатива за измена на законски решенија за цел легализација на дивоградби изградени како резултат на нефункционален и застарен ГУП и ДУП.
3.11 Иницијатива за формирање на тело во рамки на Општината за иницирање и развој на проекти за искористување на ЕУ фондови.

 

  1. Реализација на Панел дискусија помеѓу претставници на бизнис секторот и претставници на МНР и Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот за “Промоција на инвестиционите, извозните и туристичките потенцијали на Општина Демир Хисар”.
  2. Учество на форуми за зајакнување на капацитети, вмрежување на ЛЕСС-ови, унапредување на социјалниот дијалог со заедницата и зелена транзиција, организирани и поддржани од МКЦ Битола и шведскиот институт “Олаф Палме” итн.

Во оваа прилика, ОРМ изразува благодарност до Градоначалникот на Општина Демир Хисар, г-дин Никола Најдовски, општинската администрација и Советот на општината, за несебичната поддршка, ажурноста и посветеноста во реализација на предлозите кои од ОРМ, преку ЛЕСС Демир Хисар, се иницирани со единствена цел за поддршка на локалниот економски развој.

ОРМ преку своите членки ќе го задржи континуитетот на активно и продуктивно учество во рамки на Локалните економско социјални совети, и во рамки на своето мотo, “Глас на бизнисот”, ќе продолжи да биде најактивниот чинител во трипартитното партнерство во состав на ЛЕСС-овите, кој ќе придонесува за развој на локалните бизниси и економија, но и заштита на интересите на своите членки и партнери.