октомври 29, 2026
На 27 октомври 2026 година, претседателката на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), Владанка Трајкоска, ја потпиша Националната програма за достоинствена работа за периодот 2026–2030 година, потврдувајќи ја посветеноста на ОРМ на унапредувањето на социјалниот дијалог и создавањето подобри услови на пазарот на трудот.
Програмата е изработена во соработка со МОТ ( International Labour Organization ) и социјалните партнери, преку трипартитни консултации, и утврдува заеднички приоритети за справување со предизвиците на пазарот на трудот.
За ОРМ, приоритет останува создавањето услови за одржлив економски развој, унапредувањето на работните услови и примената на меѓународните стандарди на трудот. Особено значајни се инвестициите во образованието и професионалните вештини, развојот на човечкиот капитал, економското јакнење на жените и обезбедувањето еднакви можности на пазарот на трудот.
ОРМ останува посветена на конструктивен социјален дијалог и партнерство во креирањето политики што ќе придонесат за поконкурентна економија, повисока продуктивност и создавање квалитетни и добро платени работни места.




