ОРМ потпиша Меморандум за соработка со Блинк 42-21
Се потпиша Меморандум за соработка во рамки на реализацијата на проектот
„Лабораторија за стекнување вештини преку Виртуелна Реалност“ помеѓу Организацијата на работодавачи на Македонија и
Центарот за социјални иновации Блинк 42-21, поддржан
од Меѓународната организација на трудот
Со овој Меморандум за соработка се воспоставуваат основите за развивање на
соработката преку која ќе се
● изработи апликација за Виртуелна Реалност во која селектирани работни
процеси ќе бидат трансферирани во 3D вештачка реалност преку која
корисниците ќе можат да стекнуваат знаење и вештини;
●вклучи соодветен број на стручни лица во подготовката на стручноедукативниот дел од апликацијата;
● изработи дигитален прашалник за прибирање податоци од компании кои ја
претставуваат електротехничката и електронската индустрија;
● организира фокус група со претставници од селектирани компании од
електротехничката и електронската индустрија;
● промоција на ВР апликацијата, со промоција и упатување на
поддршката на ОРМ обезбедена во процесот на развој на истата.
Основната цел на проектот е да развие екосистем за зголемување на изложеноста
кон реални симулации во работни средини, преку унапредување на вештините и обука
преку користење на иммерзивни технологии.
Проектот ќе овозможи развој на апликација за виртуелна реалност како алатка за
обука и развој на вештини во електро-техничката струка за работодавачите членки на ОРМ,како и за идни потенцијални членки на ОРМ.
