ОРМ одржа деловен појадок на тема:„Улогата на деловниот сектор во праведната транзиција: регулаторни промени, обврски и нови можности“

ОРМ одржа деловен појадок на тема:„Улогата на деловниот сектор во праведната транзиција: регулаторни промени, обврски и нови можности“

ОРМ одржа деловен појадок на тема:„Улогата на деловниот сектор во праведната транзиција: регулаторни промени, обврски и нови можности“
декември 1, 2025
Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), со поддршка од International Labour Organization , во рамките на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог за прашања поврзани со праведната транзиција“, организираше деловен појадок со цел информирање и вклучување на компаниите во тековните процеси поврзани со климатските политики.
На настанот, членовите на ОРМ беа запознаени со клучните регулаторни промени во областа на климатските политики – Национално утврдените придонеси (NDC), новиот Закон за климатска акција, CBAM, како и очекуваните обврски за емисии на стакленички гасови. Беа презентирани и потенцијалните деловни придобивки: зелени работни места, пристап до зелени финансии, зголемена конкурентност на ЕУ-пазарот и развој на нискокарбонски иновации.
🎯 Целите на настанот беа:
• Подигнување на свесноста за новите климатски регулативи и нивното влијание врз бизнисот;
• Претставување на наодите од Процената на зајакнатите NDC и Анализата на деловниот случај за праведна транзиција;
• Отворање дијалог со претпријатијата за предизвиците и потребната поддршка;
• Поттикнување иницијативи за праведна и конкурентна транзиција.
💬 За време на настанот се отвори плодна дискусија за институционалната подготвеност, можностите на претпријатијата за навремена подготовка, како и пристапот до финансии што ќе им овозможи полесно и поефикасно усогласување со новите политики.