Одржана третата седница на Економско социјалниот совет

Одржана третата седница на Економско социјалниот совет

Одржана третата седница на Економско социјалниот совет
февруари 4, 2025
На 03.02.2025 година се одржа третата седница на Економско – социјалниот совет.
На седницата од страна на Министерoт за економија и труд, беше презентиран предлогот за формирање на официјална потрошувачка кошница која ќе ја креира посебно тело во кое ќе членуваат претставници од синдикатите, Државниот завод за статистика, Организација на потрошувачи, како и министерствата за економија и за финансии.
Од страна на претставниците на ОРМ беше посочено дека од она што го истражувавме, Европската Комисија нема директива за потрошувачката кошница. Секоја држава во регионот и ЕУ има и синдикална и кошница што ја формираат институциите и тие меѓусебно се разликуваат драстично.
ОРМ го поздрави предлогот, со оглед на тоа што барањето минималната потрошувачка кошничка да се подготвува од страна на Државниот завод за статистика – ДЗС беше предог токму на ОРМ на втората седница на ЕСС.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски истакна дека сака сите одлуки да ги носиме заеднички и со заемна согласност, во корист на граѓаните и заедничката иднина.
Под точка разно се дискутираше на неколку теми, меѓу кои и минималната плата, но за оваа точка имаше само дискусија, без заклучоци.
На седницата од ОРМ како членови на Економско – социјалниот совет присуствуваа Владанка Трајкоска – Претседателка на ОРМ, Ангел Димитров – Претседател на Собрание на ОРМ, Весна Бодановска – Потпретседател за економски прашања и бизнис опкружување и Љупчо Фармакоски – Потпретседател за регулатива, колективно преговарање и социјален дијалог.
Исто така на седницата учествуваа и Претседателот на Владата – Христијан Мицкоски, Министерот за економија и труд – Бесар Дурмиши, заменикот Министер за економија и труд – Марјан Ристевски и заменикот, претставниците од Сојузот на синдикати на Македонија и претставници од нерепрезентативните синдикати и организации на работодавачи.