декември 28, 2021
Во Министерството за труд и социјална политика на седницата на која присуствуваше и министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски се формираше Комисијата за определување на репрезентативноста.
Согласно измените на Законот за работни односи, во новиот состав на Комисијата учествуваат 3 члена кои ги определува Владата и по 3 од репрезентативните социјални партнери , синдикатите и работодавачите.Од ОРМ членови на Комисијата се, Дарко Петровски, Ивица Медарски и Белинда Николовска.
На седницата се утврди начинот на работа на Комисијата , со утврдување на Деловникот за работа и се избра претседател на Комисијата.