Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на денешната седница на Економско-социјалниот совет ги информира членовите на советот за проектот „Македонија вработува“ кој опфаќа вработување на невработени до 35 години, лица од 35 до 50 години кои повеќе од 10 години се без работа, лица постари од 50 години, невработени од ранливи категории граѓани, и лица постари од 58 години. За нивното вработување државата ќе ги покрива придонесите во период од една до шест години, зависно од тоа за која категорија невработени се работи.
Работодавачите од ОРМ очекуваат компаниите да го искористат субвенционираното вработување.Членот на ЕСС г.ѓа Анета Петровска Русомаровски рече дека Работодавачите ги поддржуваат овие нови мерки за зголемување на вработеноста, но се поприменливи кај малите, средни и брзорастечки компании, а компаниите кои ќе вработат од овие невработени категории ќе користат субвенции, парите ќе ги инвестираат во подобрување на процесот на производство .
Мерките од проектот „Македонија вработува“,едногласно беа прифатени на седницата , со забелешка од ОРМ во Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност,
Во членот 98-ѓ,во ставот – да не го намалил бројот на вработени лица сметано од 15.03.2015 година до денот на вработувањето на нови работници, согласно мерките од членовите 98-д и 98-ѓ од овој закон, освен во случај на смрт или пензионирање. да се дополни со – освен отпуштање во случај со дисциплинска постапка и освен отпуштање по основ на доброволно заминување на работникот.
Како и во членот 98 д- да се брише ставот,
Договорот за вработување се потпишува на неопределено време, со полно работно време. Додека пак ,ставот од истиот член -Работодавачот е должен да го задржи лицето од ставот 1 на овој член уште 12 месеци, по истекот на периодот за којшто е ослободен од плаќање придонеси од задолжително социјално осигурување и персонален данок на доход, да се дополни место 12 месеци со 24 месеци.
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, рече дека ќе ги пренесе ставовите на работодавачите од ОРМ на седницата на Влада и изјави дека се надева дека работодавачите ќе ги искористат мерките, а невработените ќе се јават на огласите за вработување.
За претседателот на Сојузот на синдикатите (ССМ), Живко Митревски, проектот „Македонија вработува“ е пресврт во борбата против невработеноста, од која покрај другите невработени, корист ќе имаат и стечајците и повозрасните категории невработени.