
јуни 6, 2024
На седницата на Управниот одбор на ОРМ со почеток од 10:00 часот свое излагање имаа Емил Крстановски, национален координатор на МОТ, кој во своето обраќање ги истакна приоритетите во поддршката на МОТ кон ОРМ, потенцирајќи ја долгогодишната соработка со ОРМ. Исто така свое обраќање имаше и Милан Петковски, експерт, кој ја подготвува Алатката за процена на ризик- насилство и вознемирување која е новата услуга на ОРМ. На седницата покрај другите точки беа усвоени извештајот за работење на ОРМ и годишната програма за 2024 година.
На 21-та седница на Собранието на ОРМ со почеток во 11:30 часот поранешниот Министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, беше дел од дебатата на тема: Предлог на новата Влада за префрлување на секторот за труд од Министерство за труд и социјална политика во Министерство за економија.



