Одбележан 28 Април – Светскиот ден за безбедност и здравје при работа

Одбележан 28 Април – Светскиот ден за безбедност и здравје при работа

Одбележан 28 Април – Светскиот ден за безбедност и здравје при работа
април 30, 2025
Одбележан 28 Април – Светскиот ден за безбедност и здравје при работа
Советот за безбедност и здравје при работа, заедно со Министерството за економија и труд, а во организација на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), организираше пригоден настан по повод Светскиот ден за БЗР.
📌 Темата на настанот беше во согласност со Европската кампања за здрави работни места:
„Улогата на вештачката интелигенција и дигитализацијата на работата“
👥 Воведни обраќања имаа:
🔹 Светлана Ристовска Антиќ – Извршна директорка на ОРМ
🔹 М-р Бесар Дурмиши – Министер за економија и труд
🔹 Проф. д-р Јасмина Чалоска – Претседателка на Советот за БЗР
🔹 Слободан Трендафилов – Претседател на ССМ
🔹 Емил Крстановски – Национален координатор на МОТ
📣 Во своето обраќање, Светлана Ристовска Антиќ нагласи:
„Автоматизацијата и вештачката интелигенција не треба да бидат замена за човечката безбедност, туку алатки кои ќе ја унапредат. Потребно е да креираме јасни политики за нивно безбедно користење, да воспоставиме нови стандарди преку институционална соработка, да инвестираме во обуки и да се грижиме дигитализацијата да не создава дополнителен стрес кај работниците.“
🏢 Голем придонес во организацијата даде и компанијата „Алкалоид А.Д. Скопје“, членка на ОРМ.
🔹 Ќире Ицев, член на Советот за БЗР од Алкалоид, одржа презентација на тема:
„Паметни технологии – безбедни работници“
🔹 Гостите имаа можност да ги посетат и производствените погони и Музејот на Алкалоид.
🔷 Безбедноста на работното место во дигиталната ера започнува со информираност, соработка и визија!