
Почитувани,
Ве известуваме дека на 28-ми, 29-ти и 30-ти Ноември 2018 година, во Хотел Порта- Скопје и Институтот за медицина на труд, ќе бидат реализирани две обуки, на следниве теми “ВАЖНОСТА КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КАЈ ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО ОБЛАСТА НА МЕДИЦИНАТА НА ТРУДОТ” и “АКТУЕЛНИ ТЕМИ ВО МЕДИЦИНА НА ТРУДОТ”.
Обуките се наменети за претставници на здруженијата на докторите при медицина на труд. Учесници на обуките ќе бидат индивидуи кои работат активно во полето на Безбедноста и здравјето при работа (БЗР) и унапредување на работните услови.
Организатор на обуките е Македонското здружение за заштита при работа, во соработка со Организација на работодавачи и Сојузот на синдикати на Македонија, во рамките на проектот “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ” – EuropeAid / 155322 / DD / ACT / MK.
Тимот на ОРМ