Обука за спречување на насилство и вознемирување на работното место

Обука за спречување на насилство и вознемирување на работното место

Обука за спречување на насилство и вознемирување на работното место
февруари 6, 2025
Со поддршка на Меѓународната организација на трудот (МОТ), на 4 и 5 февруари 2025 година, во хотел Александар Палас – Скопје, беше спроведена специјализирана обука за членките на Организацијата на работодавачи на Македонија.
🔹 Под водство на експертот на МОТ, г-ѓа Хелена Перез, учесниците се стекнаа со знаења и алатки за препознавање, спречување и елиминирање на насилството и вознемирувањето на работното место.
🔹 Обуката им помогна на работодавачите да развијат ефективни политики за обезбедување безбедна и почитувачка работна средина.
✅ Работиме за посигурни и подостоинствени работни места!