Обука од областа на безбедноста и здравјето при работа (БЗР)

Обука од областа на безбедноста и здравјето при работа (БЗР)

декември 28, 2021

Почитувани,

Претставник на ОРМ, кој воедно е дел од раководниот тим на проектот “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ” – EuropeAid / 155322 / DD / ACT / MK, официјално ја отвори обуката наменета за претставници на претставници од организации/здруженија на работодавачи, комори и кластери. Обуката е дводневна, на тема “Заеднички пристап на стручното лице по БЗР и докторите по медицина на трудот во утврдување на превентивни мерки за намалување на опасностите и штетностите на работно место.”

Обуката се спроведува во рамките на наведениот проект, финансиран од страна на ЕУ, каде што носител е Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), додека пак главни партнери се Организацијата на Работодавачи на Македонија (ОРМ) и Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ).

– “Без разлика на работното место, сите вработени во текот на работата се соочуваат со разни опасности по нивното здравје. Овие опасности можат да предизвикаат повреди на работното место но исто така секојдневно штетно да влијаат на нивното здравје. Проценките на ризик ги утврдуваат разните опасности по здравјето на работниците, но за утврдување на превентивните мерки за намалување на опасностите е неопходна поголема соработка на стручните лица за безбедност и здравје при работа со докторите по медицина на трудот. Секојдневото искуство на стручните лица во компаниите е неопходно да се надополни со знаењето и искуството на докторите по медицина на трудот за да можат заеднички да ги утврдат вистинските опасности но исто така и да предложат превентивни мерки за нивно елиминирање или сведување на минимум. Како треба да функционира тој заеднички пристап на овие два многу важни чинители во безбедноста и здравјето на вработените и кој ќе биде резултатот од нивната соработка ќе бидат главните теми на оваа обука”– изјави г-дин Ангел Димитров, Претседател на Организацијата на работодавачи на Македонија.

 

Повеќе информации околу сите активности предвидени во рамките на проектот, можете да најдете на следниов линк: https://www.facebook.com/Occupational-Safety-and-Health-policies-610230679308448/?modal=admin_todo_tour

 

Следете не и понатаму!