Обука на тема „Основни принципи на управување со организации”

Обука на тема „Основни принципи на управување со организации”

Обука на тема „Основни принципи на управување со организации”
декември 28, 2021

Почитувани,

Ве известуваме дека Македонското здружение за заштита при работа, во соработка со Организација на работодавачи и Сојузот на синдикати на Македонија, во рамки на проектот “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ” – EuropeAid / 155322 / DD / ACT / MK, на 15ти и 16ти октомври во хотел Порта, Скопје, успешно спроведе обука на тема „Основни принципи на управување со организации”.

Учесници на оваа обука беа претставници на организации на работодавачи и стопански комори, регистрирани на територија на Република Македонија.

Теми кои беа обработени за време на обуката се следниве:

• Управување со невладините организации

• Дефинирање на стратегиски цели и насоки

• Оперативно планирање и финансиско управување на организации

• Делување преку градење на сојузи, коалиции и мрежи итн.

Учесниците на обуките се стекнаа и со експертиза за процесите при креирањето политики и процедурите за успешен организациски развој и управување на организациите на работодавачи и стопанските комори.

Понатака, од нив се очекува да влијаат при зајакнувањето на мрежните и комуникациските канали меѓу организациите на работодавачи, стопанските комори, другите здруженија на граѓани и владините институции.