Почитувани,
Во продолжение ви доставуваме известување од Министерсвото за внатрешни работи во врска со начинот на функционирање на МВР за услуги за граѓани, на ваше информирање. Известувањето пристигна до ОРМ по електронски пат и ви го споделуваме интегрално.
Со почит,
Тимот на ОРМ
Интегрален текст:
Известување од МВР – 17 март 20
Министерството за внатрешни работи од
утре (18.03.2020) во функција ги става
бесплатната телефонската линија 080000201
и мејлот mvrinformaciiuslugi@moi.gov.mk каде
граѓаните (на македонски и албански
јазик) ќе можат да добијат соодветна
информација во однос на
функционирањето на услугите и
сервисите на МВР во претстојниот
период согласно состојбата со
коронавирус и препораките на Владата.
Вработените во МВР, каде што тоа е
возможно, ги редуцираа контактите со
странките во делот на постапки и услуги
кои не се итни и кои не се ограничени со
рокови. Секогаш кога е тоа возможно, се
користи телефонска или електронска
комуникација, со цел да се одбегне
доаѓањето на граѓаните во
институцијата доколку тоа не е
неопходно.
Линк до известувањето на МВР:
https://mvr.gov.mk/vest/11491 [1]
Соопштение од МВР во врска со
активностите на Министерството (главно
е дека има скратено работно време на
управните служби на МВР од утре (18.03.), и
тоа на подрачјето на Скопје со работно
време од 07,30 до 18,00 часот, за пунктовите
во МРТВ, Беко и Ѓорче Петров; и од 10,00 до
18,00 на пунктовите во Бутел и Драчево,
додека во останатите подрачја, односно
сите останати пунктови во државата ќе
бидат со работно време од 07,30 до 16,00
часот.): https://mvr.gov.mk/vest/11492