НОТАРИ И ИЗВРШИТЕЛИ СЕ ПРИДРУЖИЈА КОН ИНЦИЈАТИВАТА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ЗА ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА НОТАРИЈАТ

НОТАРИ И ИЗВРШИТЕЛИ СЕ ПРИДРУЖИЈА КОН ИНЦИЈАТИВАТА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ЗА ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА НОТАРИЈАТ

НОТАРИ И ИЗВРШИТЕЛИ СЕ ПРИДРУЖИЈА КОН ИНЦИЈАТИВАТА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ЗА ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА НОТАРИЈАТ
декември 28, 2021

 Иницијативата на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) за измени и дополнувања на законите за нотаријат и за извршување добија поддршка од најголемите стопански комори во земјата, од компании кои членуваат во нив, како и од нотарската и комората на извршители на Македонија. Поддршката на иницијативата е обезбедена откако претходно работната група на ОРМ составена од искусни професионалци од бизнис секторот, предложи конкретни текстови за измени и дополнувања на споменатите закони кои беа детално разгледани од сите заинтересирани компании, организации и комори.
„Досегашната дебата по оваа наша иницијатива и предложените текстови за измени и дополнувања на законите за извршување и за нотаријат покажа дека кај бизнис секторот во земјата постои висок степен на согласност дека спорните одредби во овие закони со кои од почетокот на оваа година на правниците кои работат во компаниите им е оневозможено целосно да ги застапуваат интересите на своите компании, мора да бидат отстранети од правниот поредок на земјата“, оцени претседателот на ОРМ, Ангел Димитров, нагласувајќи дека „обезбедената голема поддршка за оваа иницијатива претставува дополнителен мотив за Организацијата на работодавачи да продолжи активно да го застапува интересот на бизнис секторот по ова прашање, ставајќи го меѓу приоритетните предлози кои ќе бидат доставени на разгледување и усвојување пред новата Влада и во Собранието на РМ“.    
Инаку, со последните измени и дополнувања на Законот за извршување и на Законот за нотаријат, кои стапија на сила на почетокот на оваа година, а беа донесени без претходни пошироки консултации со бизнис секторот, меѓу останатото адвокатите добија ексклузивно право да ги застапуваат компаниите во нотарските и постапките за извршување на договори кои надминуваат 20.000 евра во денарска противвредност. На ваков начин, правниците во компаниите и покрај тоа што се работи за високостручни лица со положен правосуден испит и големо практично искуство се ставија во подредена позиција во однос на адвокатите, а истовремено се зголемија и трошоците на компаниите за водење на овој вид правни постапки.
За експертите, нееднаквиот третман на правниците во компаниите, наспроти адвокатите, претставува директна дискриминација која е наметната со споменатите законски акти, што само по себе го отвора прашањето за нивната уставност. Допоплнително, според Законот за парнична постапка, но и според европското законодавство, адокатите не се и не можат да бидат единствено надлежни за обезбедување правна помош. Тие се само дел од единствената правна професија и имаат исто знаење и способности како и другите лица со завршен правен факултет и положен правосуден испит.

 И нотарите  и извршителите се придружија кон инцијативата на
работодавачите за измени на Законот за нотаријат. Сметаат дека со тоа што компаниите се
обврзани да ангажираат адвокати во правните постапки се зголемуваат трошоците на
работењето. Адвокатите од една, нотарите и работодавачите од друга страна кршат копја околу
Законот за нотаријат и извршување. Услугите се поскапени, постапките искомплицирани,
незивесни се работните места на правниците во фирмите, ставот и иницијативата на бизнис
фелата за законски измени доби подршка од Нотарската комора. Велат нелогично е правници
што застапуваат сложени предмети на суд, да не можат да настапуваат во обична постапка за
солемнизација.Ангел Димитров, Организација на работодавачи: Многу е социјалистички кога на
некоја професија ќе и дадете со закон работа, за да ја спасиме професијата, со вакви предлози,
со сила да ангажирате адвокат и онаму каде што не треба. Срамота е да не им се дозволува да
направат предлог за извршување или некој договор за купопродажба, а имаат толку години
искуство.Извршителите оценуваат законите
се добри. Нотарите велат, иако доследно ги
применуваат, на површина излегле недоследностите, компаниите имаат проблем, услугите се
поскапени, постапките се одоговлекуваат.Олга Димовска, нотар: Нотарите го применуваат и
почитуваат Законот, а доколку постојат случаи како што беше речено од првиот човек на
Нотарската комора, тогаш тоа треба да се сузбие, со постоењето на нотарите се олесни
правниот систем, а се покажа во последните два месеци со новиот закон се ископлицираа
работите.Ангелка Ефковска, извршител, За нас извршителите Законот за нотаријат и
извршување е добар, и одредбите се добро поставени.Адвокатската комора ги обвини нотарите
дека продолжуваат да го опструираат работењето на адвокатите, нудејќи и пакети со готови
договори и печати за минорни суми. Претседателот на комората, Додевски ги отфрли тврдењата
дека адвокатската награда или дејност го отежнува работењето на стопанските субјекти со став
дека можат да ги извршуваат своите активности и зависно од економската способност да
договараа кога и како ќе им плаќаат.