Напредна обука на тема „Изработка на извозен маркетинг план за вашата компанија – практична работилница“

Напредна обука на тема „Изработка на извозен маркетинг план за вашата компанија – практична работилница“

Напредна обука на тема „Изработка на извозен маркетинг план за вашата компанија – практична работилница“
декември 28, 2021

Почитувани,

На 8-ми и 9-ти Ноември 2018 година, во Хотел Гардениа во Велес, успешно се имплементираше втората напредна обука на тема „Изработка на извозен маркетинг план за вашата компанија – практична работилница“. Истата се организира во рамките на двегодишниот проект „Извозен акцелератор за мали и средни претпријатија“, финансиран од ЕУ, а спроведуван од Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) и Институтот СФЕРА-НОВА. Проектот има за цел да ја подигне конкурентноста на компаниите преку зајакнување на капацитетите на компаниите за извоз.  

Во интерактивна и практична дискусија учество земаа околу 20 претставници од мали и средни компании од кондиторска и конзервна индустрија, регистрирани на територија на Република Македонија. Експерти од областа на извозните стратегии, транспортот, логистиката, со своето долгогодишно искуство дискутираа и ги пренесуваа на  учесниците да разговараат темите околу подготовка на понудата за извоз (export offer readiness), ценовна и дистрибутивна стратегија, Пуш-Пул Стратегија, факторинг како можност за финансирање на мали и средни претпијатија, промотивна стратегија и промотивен микс, саемски настап и follow up, пазарни истражувања за меѓународен маркетинг и извоз, развој на извозна стратегија, финасирање на извозот, како и анализа на состојбте на пазарот во Шведска и Бугарија и можностите за извоз и др.

Проектот „Извозен акцелератор за мали и средни претпријатија“, финансиран од ЕУ, се фокусира на извозот на прехранбено-преработувачката индустрија, подигање на извозниот капацитет и отварање на нови извозни можности. Проектот продуцира Бизнис анализи за извозните можности на регионалните пазари за прехрамнбено-преработувачката индустрија, обуки за извоз на компаниите и за техничката подготвеност, нови вештини и знаења за извоз, интерактивна веб платформа за извоз и мобилна апликација, демо мали проекти за извоз на селектирани производи од прехранбено-преработувачката индустрија. Проектот има иновативен пристап и ќе се очекува да ја зајакне поддршката при извоз на конкретни производи, со што ќе овозможи директен бенефит за вклучените компании.

 

Тимот на проектот