
Почитувани,
Во периодот од 16 до 18 мај, претставник на ОРМ присуствуваше на меѓународна конференција организирана од МОТ и Европската комисија во Париз, Франција. Оваа конференција обезбеди единствена можност да се вклучат во меѓусебна дебата експерти, претставници на влади, претставници на работодавачите и синдикатите и меѓународни организации, и да формулираат препораки за политиките.
Конференцијата беше алатка за презентација на резултатите од проектот “Индустриски односи во Европа: Поттикнување на еднаквоста при работа и меѓусебна конвергенција?”, кој беше имплементиран во земјите-членки на ЕУ28 и кандидатите за членство, Република Македонија и Турција.
Проектот се обиде да обезбеди преглед на долгорочните трендови во индикаторите за социјална и економска конвергенција во Европската унија, и врз оваа основа, да ја испита улогата на социјалниот дијалог и поопшто индустриските односи во намалувањето на нееднаквостите и поттикнување на таквата конвергенција, особено со презентирање на некои најдобри практики и политики.