
Почитувани,
На линкот подолу можете да го проследите гостувањето на претседателот на ОРМ, г-дин Ангел Димитров, во рамките на емисијата “Економски Магазин” на АЛСАТ-М.
https://m.facebook.com/1940198839643130/posts/2522206718109003/?app=fbl
Воедно, би сакале да ве информираме дека ОРМ достави нови предлог мерки и/или измени на веќе постоечки мерки до Владата, базирани на истражувањe и информации кои непосредно ги добиваме, во секојдневната комуникација со нашите членки. Подолу можете да најдете интегрален извадок од дописот кој беше доставен до надлежните институции.
Со почит,
Извршна канцеларија на ОРМ
Интегрален текст:
-Го искажуваме нашето задоволство што се олеснија критериумите за добивање на без-каматни кредити од Развојната банка, со што најпрвин тие станаа достапни за сите дејности, а истовремено се олеснија критериумите па наместо „кредитна изложеност“ и „финансиска задолженост“, компаниите ќе биде потребно само да достават изјава за проверка на кредитна изложеност. Од друга страна, пак, сметаме дека би било добро износот на средства кои се одобруваат на компаниите да се зголеми, затоа што употребената формула 14.500 х 3 месеци х број на вработени е добра, но овде не влегуваат придонесите на нето платите, кириите, и другите тековни трошоци особено за компаниите, кои целосно ја запреа својата дејност со Уредба на Владата.
-Една од мерките, која дел од нашите членки ги превземаа за спречување од ширење на заразата, е поделба на вработените во групи, кои немаат меѓусебен контакт. Една седмица на работа оди едната група, друга седмица оди другата група. Поради ваквиот тип на работа, вработените не ги остваруваат можните часови во месецот. Затоа бараме да се донесе Уредба во која ќе биде овозможено флексибилно работно време, почитувајќи го ЗРО во делот на дневен одмор, неделен одмор. Односно, часовите кои не се изработени на пример во месец Април да може да се одработат во месец Мај или Јуни (да се префрлат во нареден период). Ве замолуваме оваа можност да се обезбеди со Уредба или толкување на Членот 124 од Законот за работни односи, каде што предвидено е дека може да се изврши прераспределба на работното време кога тоа го бара природата на дејноста, а во вакви тешки услови на стопанисување сметаме дека таквата мерка е логична и добра.
-Според нашите анализи најголемиот број на компании се подготвени да ги издржат проблемите што ги носат рестрикциите и отежнатото работење за период од еден до три месеци. Затоа Владата треба да прави пресметки и планови, што ако овој период се продолжи на шест или повеќе месеци. Се разбира дека во таков случај ќе биде потребно да се обезбедат нови средства и мерки за ублажување на катастрофалните последици кои би настанале за целокупната економија.
-На крајот би сакале да предложиме да се разгледа можноста, покрај одлагањето на одредени даночни давачки (ДДВ, Аконтации на данок на добивка, такси, комуналии и т.н), да се овозможи пребивање т.е. компензација на обрските и побарувањата на компаниите од буџетот во кое би влегле покрај даночните обврски и царинските обврски.