Почитувани,
Претставници на Организацијата на Работодавачи на Македонија, како засегната страна во сферата на образованието, беа поканети и учествуваа на денешниот настан во Владата на Република Македонија, каде што беше потпишан меморандум за соработка за заедничка медиумска кампања за промовирање на стручните занимања и можностите за стручно образование во Македонија.
Меморандумот за соработка во име на Владата потпишаа министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, министерот за образование и наука Арбр Адеми и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, како и претставници на проекти кои се спроведуваат со поддршка на УСАИД, УНДП и Швајцарската агенција за соработка.
Во Македонија има голем број невработени млади лица, а бизнис секторот не може да обезбеди соодветен стручен кадар што му е потребен. Јазот во понудата и побарувачката на труд се јавува поради недоволниот број ученици кои се одлучуваат за стручно образование. Со цел да се подигне свесноста за значењето на стручното образование и кои можности ги имаат младите со специфичните струки денеска во Владата беше потпишан Меморандум за соработка за заедничка медиумска кампања за промовирање на стручните занимања и можностите за стручно образование во Македонија.
Повеќе информации околу настанот, можете да најдете на следниов линк: https://makpress.mk/Home/PostDetails?PostId=262348