Локален економско социјален совет во Струмица

Локален економско социјален совет во Струмица

Локален економско социјален совет во Струмица
декември 28, 2021

Работодавачите потписници на Спогодбата за ЛЕСС во Струмица


Во  општината Струмица на 22 декември  се потпиша Спогодбата за  локален Економско-социјален совет (ЛЕСС)  од Организацијата на работодавачи на Македонија  г.дин Димитар Поповски, од Сојузот на синдикати г.дин Живко Митревски и од општина Струмица г.дин Зоран  Заев .

Поповски истакна дека работодавачите  ќе го дадат својот максимален придонес  за активна работа и развој на овој совет. Голема благодарност до поддржувачите –Проектот ЈЕС МРЕЖА финансиран од УСАИД  за помошта при формирање на овој совет.

Иницијалната тема на проектот  е развој на вештини кај младите за подобро вработување и полесно вклопување во процесот на производтво, во таа насока “Овие локални групи знаат подобро од било кој со кои предизвици и можности се соочува заедницата при правењето на промени кои ќе им користат на најзините членови и ќе создадат просперитетна иднина,” рече Амбасадорот на САД, Пол Д. Волерс.
Како организација сме поддржувачи и поттикнувачи за развој на Локалните Економски социјалени совети  кои како советодавно тело се важни  за  локалниот развој на интересите на општината за прашања како што се вработувањето на младите,  врската меѓу потребите на пазарот на труд дефинирани од работодавачите и вештините кои младите ги имаат развиено во текот на нивното формално  образование.