Креиран прв веб портал за женско претприемништво

Креиран прв веб портал за женско претприемништво

Креиран прв веб портал за женско претприемништво
декември 28, 2021

Почитувани,

ОРМ, како активен член на Националниот совет за женско претприемниптво, со задоволство ја споделува информацијата со вас за креирањето на веб порталот кој ќе работи во склоп на проектот  „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика” WE-Contribute за целите на Националниот совет за женско претприемништво. Веб порталот се наоѓа на следниот линк: https://wecontribute.mk/ 

Веб порталот вклучува информации за настани и новости на членките од Советот, календар на настани за сите заинтересирани граѓански организации и жени претприемачи, дигитална библиотека со релевантни анализи, документи за политики, едукативни видеа како и информации за сите заинтересирани организации и жени претприемачи од областа на женското претприемништво.

Извршна канцеларија на ОРМ 

 

Сликата е превземена од: https://inovativnost.mk/2018/05/31/%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%B0%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B0-%D0%B4%D0%B0%D0%BB%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%BB/