Во Агенцијата за вработување денеска е формиран Совет на работодавачи којшто ќе учествува во креирање на политиките за вработување, работни места и работна сила. Тоа е советодавното тело кое треба да биде и филтер на сите мерки на Агенцијата за вработување пред нивната примена на пазарот на труд.
Во Советот членуват претставници на 16 големи компании од повеќе дејности и шест асоциации на работодавачите од кои една е и Организацијата на работодавачи на Македонија.Претежно се ангажирани раководни лица или претставници од одделите за човечки ресурси, на волонтерска основа.
Според Поповски, Советот е основан поради недостатокот на квалитетната работна сила која може да им се понуди на работодавачите. Се надевам, додаде, дека со Советот сите големи компании ќе придонесат за квалитетна примена на сите активни мерки, во квалитетно претставување на работната сила и креирање на нивните потреби.
Предлогот за формирање на еден ваков совет произлезе од Владата и Министерството за труд и социјална политика за големите компании и асоциации да дадат импут за тоа како да се развиваат активните мерки во агенцијата и начинот на креирање и образување на работната сила којашто им е потребна на нивните компании .