Почитувани,
Претставник на извршната канцеларија на ОРМ, во периодот од 15ти до 17ти март 2018 година, учествуваше на конференцијата со наслов “Европска рамка за квалификации: поддршка за учењето, работата и прекуграничната мобилност” во Брисел, Белгија. Конференцијата беше организирана од страна на Европската Комисија, во насока на одбележување на десетгодишнината од креирањето на Европската рамка за квалификации.
Имено, законот за Национална рамка за квалификации во Македонија, кој беше усвоен минатата година, беше креиран токму врз основа на Европската рамка за квалификации. Организацијата на работодавачи на Македонија активно учествуваше во процесот на реирање и усвојување на наведениот закон, врз чија што основа ќе биде креирана Национална рамка за квалификации во Македонија. ОРМ и во иднина ќе продолжи со свој придонес во оваа сфера, преку директно учество на наши претставници во секторските комисии за квалификации.
