Роберт Лидел, раководител на Делегацијата на ЕУ за политички прашања, правда и внатрешни работи, информации и комуникација, истакна дека Унијата го поттикнува учеството на невладиниот сектор во претпристапниот процес.Се обратија Дарко Алексов од “Мост“, д-р Азис Положани од Институтот за политички и инртеркултурни студии, Радмила Шеќеринска, претседател на Националниот совет за ЕУ интеграции, Жидас Даскаловски од Центарот за истражување и креирање политики и Горан Калајџиев од Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Главната порака од настанот е потребата од обединување и заеднички настап на невладиниот сектор, добрата информираност и комуникација меѓу организациите,како и комуникацијата со Владата и странските институции. Интезивна потреба од дијалог и размена на мислења е најголема предност во зголемувањето на улогата на граѓанското општетство во евроинтеграцијата .
декември 28, 2021