Услов кој треба да го исполнува работодавачот кој ќе вработи невработено лице до 29 години, е да нема намалување на бројот на вработените на неопределено време после 31.12.2013 до денот на вработувањето на новите работници за кои ќе важи оваа можност, се разбира освен во случаи на смрт или пензионирање или заради прекршување на Законот за работни односи од работникот.
Секој работодавач за да ја користи оваа системска мерка, поволност и ослободување, треба само да поднесе барање до Агенцијата за вработување за користење на оваа можност и бенефиција.
Со дополнуваната на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, Законот за пензиското и инвалидското осигурување и Законот за здравствено осигурување коишто ќе се објават во Службен весник на Република Македонија оваа седмица, се влијае на поттикнување на вработувањето на младите лица од една страна а за работодавачите претставува големо олеснување и поддршка затоа што државата ги ослободува од трошоци кои можат да ги задржат и да ги употребат во друга функција за развој на бизнисот.
Исто така, со измените и дополнувањата на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност („Сл. весник на РМ“ бр. 39/14) се обезбедува субвенција на работодавач при вработување на корисник на социјална парична помош. Имено, работодавач од приватниот секотор кој ќе вработи невработено лице корисник на социјална помош да добива субвенција во износ од 80% од висината на социјалната парична помош исплатена на лицето/домаќинството. Субвенцијата ќе се исплатува во период од 24 месеци и при тоа работодавачот ќе има обврска да му исплатува минимална плата утврдена со закон.