Изјава за медиуми на претседателот на ОРМ (Струга, 23.09.2016)

Изјава за медиуми на претседателот на ОРМ (Струга, 23.09.2016)

Изјава за медиуми на претседателот на ОРМ (Струга, 23.09.2016)
декември 28, 2021

Денеска во Струга се одржа новиот регионален состанок во рамки на проектот наречен „Деловен поојадок“ на Организацијата на работодавачи на Македонија на кој учествуваат преставници на 20-сетина компании од секторот туризам и угостителство кои истовремено се членки и на асоцијацијата ХОТАМ.
Главната тема на состанокот беше иницијативата на нашата органзација (ОРМ) за нов поефикасен модел за пријавување и плаќање на придонесите за сезонските работници во нашата земја.
Според оценките на нашите членки, постојниот модел за пријавување и плаќање на придонеси за работниците кои се ангажираат на определено време за извршување работи кои имаат сезонски карактер е спор, бирократизиран и обременет со големи скриени трошоци. Затоа ние, како репрезентативна организација на работодавачите, ќе предложиме нов модел за ангажман на сезонски работници, преку т.н. систем на дневни купони (ваучери) за плаќање на придонесите, со што веруваме дека ќе се постигне поефикасна примена на законските одредби за пријавување на овие работници, чии број од година во година расте, посебно во секторот за угостителство и турзам.
Сметам дека придобивки од воведувањето на моделот на дневни ваучери за плаќање на придонесите ќе имаат самите работници, затоа што со него тие добвиват дополнителна сигурнсот дека придонесите ќе им бидат платени, а корист ќе имаат секако и работодавачите затоа што овој модел ќе го елиминира плаќањето високи глоби за непријавените работници.
На денешниот состанок разгледавме и други идеи за кои повеќе ќе говори претседателот на ХОТАМ. Јас би додал дека досегашниот тек на консултациите со членовите на ОРМ покажува дека сме на добар пат да дефинираме еден поширок сет предлози и мерки кои сметаме дека ќе ја подобрат деловната клима и ќе овозможат подинамичен раст на бизнисот и домашната економија. Покрај предлозите кои се однесуваат на ангажманот на сезонските работници, пакатетот ќе содржи предлози и поефикасни законски решенија за намалување на повредите и несреќите на работните места, како и измени во законот за трговски друштва со кои ќе се поттикнат домашните инвестиции.
Овој пакет мареки ОРМ ќе го предложи за усвојување пред социјалните партнери, штом се создадат услови за тоа, најверојатно веднаш по завршувањето на парламентарните избори.
Ви благодарам.