Изјава на претседателот на ОРМ г.дин Ангел Димитров за посетата на Владата кај работодавачите во Штип

декември 28, 2021

Здружението за текстилна индустрија при Организацијата на работодавачи на Македонија(ОРМ), заедно со Текстилниот кластер како колективна членка на ОРМ, уште со измените на Законот за минимална плата предлагаат решенија за опстанокот на трудоинтензивните гранки како што е  текстилната и кожарската индустрија.Уште на првиот состанок со Премиерот Зоран Заев беше спомната и мерката “Замрзнување на придонесите“ која беше прифатена од наша страна.За жал финансиската помош која беше предвидена од страна на Владата за исплата на минималната плата не ги даде очекуваните ефекти и затоа мерката“Замрзнување на придонесите“ може да биде решение за подолг период кое ќе овозможи покачување на нето платите на работниците од овие сектори за да можат да го одржат темпото со платите од останатите сектори. Бидејќи оваа мерка нема да бара некои дополнителни буџетски средства се надеваме дека Владата набргу ќе свика состанок на кој попрецизно ќе ја дефинираме мерката и што поскоро да започне со примена.