Иницијатива за формирање на здружение за енергетика

Иницијатива за формирање на здружение за енергетика

Иницијатива за формирање на здружение за енергетика
декември 28, 2021

ЕВН Македонија А.Д Скопје покренува иницијатива за формирање на Здружение за снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. Согласно критериумите за репрезентативност Здружението треба да покрива 10 % од вкупниот број на вработени во гранката односно одделот. ОРМ покрива 73,38% од вработените во оваа гранка и веќе има добиено Решение за утврдена репрезентативност на ниво на оваа гранка.

Формирањето на здружението се иницира заради организиран настап и придонес во развојот на сите деловни субјекти од гранката во однос на прашањата од заеднички интерес во делокругот на економско социјалната свера, работните односи и за заштита при работа, придонеси за задолжително социјално осигурување, колективно договарање, законите кои се во интерес на ова здружение и др.