Почитувани,
Во организација на Кабинетот на заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување, во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) беше одржана информативна бизнис средба. Средбата беше одржана на 16-ти септември 2018 година, во хотелот Холидеј Ин во Скопје. На средбата учествуваа претставници на Организацијата на Работодавачи на Македонија, Стопанските комори, здруженијата на претприемачи, претставници на релевантни институции, како и претставници на останати релевантни субјекти од областа на економијата и бизнисот.
Целта на средбата беше да се презентираат можностите за добивање на финансиска поддршка преку активните мерки и програми за вработување, како и споделување на идеите и препораките поврзани со мерките и програмите за правни лица како дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услугу на пазарот на трудот за 2019 година.
Извор на слика: https://faktor.mk/prekvalifikacija-itnostana-li-nedostigot-od-kadar-pogolem-problem-od-dolgovite