по повод потпишувањето на Спогодбата за изменување и дополнување на Општиот
колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството
Идејата да се пристапи кон измени и дополнувања на Општиот колективен договор не беше со цел да се намалуваат или зголемуваат работничките права, туку да се прецизираат одредбите кои во изминатиот период беа различно толкувани и предизвикуваа многу работни спорови од оваа област. Имено, ОКД го предвидуваше правото на регрес за годишен одмор и новогодишен надомест, но нивната висина упатуваше да се утврди со колективен договор на ниво на дејност.
Согласно договорените измени и дополнувања во членот 35 од ОКД, работникот има право на :
„Регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.
Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор.
Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината. Износот се утврдува според основицата која важи на денот на донесувањето на Одлуката за исплата.
Во новиот Член 35 – в, посебно е пропишана можноста со колективен договор на ниво на дејност или на ниво на работодавач да се утврди правото и висината на новогодишниот надоместок.
Организацијата на работодавачи на Македонија посебно истакнува дека на овие надоместоци не се плаќаат придонеси од плата туку при нивната исплата се пресметува, задржува и уплаќа персонален данок на доход од 10%.
Регресот за годишен одмор е исто така даночно признат расход и на него не се плаќа ниту данок на добивка.