И работодавачите од Прилеп сакаат нов Закон за работни односи

И работодавачите од Прилеп сакаат нов Закон за работни односи

И работодавачите од Прилеп сакаат нов Закон за работни односи
декември 28, 2021

Прилеп, 01.11.2011. Работодавачите од Прилеп и околните градови ја поддржуваат иницијативата за донесување на нов Законот за работните односи во кој ќе бидат содржани барањата на Организацијата на работодавачи на Македонија. Високи претставници на ОРМ минатиот вторник, 1-ви ноември, во рамки на проектот поддржан од ЕУ, ги претставија недостатоците на актуелната трудова легислатива во Македонија која не дозволува вистински социјален дијалог со работниците, туку голем дел од прашањата кои нормално се преговараат во колективен договор  ги регулира со законот и тоа понекогаш на штета на работниците, понекогаш на работодавачите или и на двете страни. Понатаму законот изобилува со нејаснотии кои претсавуваат пречка при толкувањето дури и за судиите. ОРМ подготви предлог измени на актуелниот Закон за работни односи, но заради огромниот број на барани измени се залага за подготовка на нов закон кој ќе придонесе да се зголеми конкуретноста на претрпијатијата и расотот на македонската економија.