Организацијата на работодавачи на Македонија со поддршка на проект поддржан од Европската Унија, вчера пред македонските претпријатија ја презентираше позицијата на работодавачите околу примената на актуелниот Закон за безбедност и здравје при работа, во еден поширок контекст во кој Македонија се ангажираше да гради општество во кое ќе се применуваат општествано одговорни практики кај претпријатијата.
Имено, основниот проблем кој го истакнуваат работодавачите е потребата барањата од оваа сфера да се приспособат на големината на претпријатија, односно не е можно да постојат исти обврски за безбедност и здравје кај микро и малите и средните како кај големи претпријатијата. Обврските кои произлегуваат сега претежно генерираат голем број на администрација, хартија и трошоци, а во праксата не постои реална имлементација на основното начело, а тоа е вистинска примена на безбедна околина за извршување на работата и здрави работници.
Настанот беше организаран во рамки на Европската недела за безбендост и здравје при работа во соработка со Македонското здружение за заштита при работа.