Годишната конференција на Здружението за трудово и социјално право

Годишната конференција на Здружението за трудово и социјално право

Годишната конференција на Здружението за трудово и социјално право
јуни 2, 2025
Во рамки на Годишната конференција на Здружението за трудово и социјално право, ОРМ учествуваше на панел-дискусија посветена на предизвиците и перспективите поврзани со современите форми на работна ангажираност.
Нашиот претставник Љупчо Фармакоски Потпретседател за регулатива, колективно преговарање и социјален дијалог на почетокот се осврна на факторите кои се од значење за бизнисот, а кои имаат влијание на работниот однос и формите на работа – меѓу кои и нестандардните форми на работа. Тој ги истакна следниве фактори:
▪ Пазарот на трудот, работниот однос и глобализацијата
▪ Работните процеси – модерната технологија, дигитализацијата, флексибилизацијата и дерегулацијата на пазарот на труд
▪ Реалната состојба на начинот на работна ангажираност и продуктивноста, што влијае врз организацијата на деловно-производните процеси
Фармакоски се осврна и на значењето на корпоративната култура во работниот однос, особено на аспектите на лојалност, доверба и припадност кон компаниите.
Посебен акцент стави на нестандардните форми на работа – и оние кои се уредени во постојниот Закон за работни односи, како и оние кои се дел од новиот Предлог-закон за работни односи, кој сè уште е во нацрт форма.
Отвори и прашања поврзани со новиот Закон за работно ангажирање, истакнувајќи дека целта на законот треба да биде јасна, а ОРМ ќе ја следи имплементацијата и ќе нуди подобри практики. Најави и отворена дебата за овој закон, во која ОРМ ќе повика на вклучување на сите засегнати страни: научната фела, здруженија, ресорното министерство и други чинители.
✅ Флексибилноста мора да оди заедно со заштита – за стабилен и одржлив пазар на труд.